Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во изминатото деноноќие на улиците во Куманово се фрлени 60 тони сол, информираат од Општина Куманово.
Но и покрај тоа одередени патни правци, пред се кон селата Орашац, Табановце, Четирце, Горно Којнаре не се проодни.
„Возилата на двете фирми задолжени за зимско одржување на улиците се постојано на терен и се расчистуваат улиците а во текот на денот ќе се ориентираме на приградските населби. Се работи со 6 соларки и 4 машини на главните правци. Фрлени се 60 тони сол, но имаме проблем бидејќи солта нема дејство на температура на - 7 степени, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Тој се надева дека до крајот на денот сите патишта ќе бидат расчистени и сообраќајот ќе се одвива непречено. Истовремено апелира граѓаните да се организираат да ги исчистат влезовите на дворовите и зградите и без потреба да не излегуваат од своите домовите со автомобили , бидејќи коловозите се подмрзнати, а снегот потојано вее.
Општината има доволни коиличини на сол, а дополнително ќе биде ангажирана и механизацијата на јавните претпријатија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk