600 слободни места за студентите во Куманово

15.08.2013 12:18 | KumanovoNews

 Денеска е првиот упсен рок за студентите. На факултетите во Куманово има околу 600 слободни места за студенти.

600 слободни места за студентите во Куманово

На дисперзираните студии по информатика од Тетовскиот универзитет во Куманово ќе се запишат 30 редовни студенти во државна квота, 20 редовни студенти со кофинансирање и 10 вонредни студенти. На катедрата за англиски јазик и книжевност од истиот универзитет има 60 слободни места за редовни студенти.

На истиот универзитет, на факултетот за бизнис администрација во Куманово ќе бидат примени 285 редовни студенти во државна квота, и 125 студенти со конфинасирање.

На дисперзираните студии за градежништво од Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Куманово ќе се запишат 40 редовни студенти во државна квота, 20 со кофинансирање и 20 вонредни.

Вториот уписен рок е на 3 и 4 септември, а третиот е на 17 септември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk