70 години слободно Куманово

11.11.2014 09:26 | KumanovoNews

Куманово денеска слави 70 години од ослободувањето.

70 години слободно Куманово

На 11 ноември 1944 година Куманово е ослободено од фашистичката војска. Жестоки борби за слобода се воделе од 1 до 11 ноември, а во акциите за ослободување на Куманово учествувале две бригади од составот на кумановската дивизија и баталјон на народната одбрана. Во четиригодишната броба против фашистите учествувале над 2000 кумановски борци, од кои 455 загинале. Куманово, градот првоборец дал осум народни херои: Киро Фетак, Перо Чичо, Боро Менков, Бајрам Шабани, Боро Петрушевски - Папучар, Христијан Тодоровски - Карпош, Мара Нацева и Трајко Стојковски.

По ослободувањето, Куманово се развива во значаен стопански, културен и спортски центар во Македонија и на Балканот.

Денешниот јубилеј се одбележува со низа настани и активности. Во 12 часот на Спомен костурницата делегации ќе положат цвеќе на паднатите борци, а во 19 часот ќе се одржи Свечена академија на која ќе се доделат Ноемвриските награди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk