Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седумдесетина слики и цртежи изработени на Детската ликовна колонија „АСНОМ“, денеска беа донирани на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.
Центарот ќе може да ги продаде сликите за да обезбеди сретства за нормално функционирање.
„Ги повикувам граѓаните да дојдат да си изберат слика да донираат средства кои ќе ги искористиме за нашите деца“,- апелираше претседател на „Порака наша“ Милован Видановиќ.
„Ова е скромна донација со голема идеја да продолжи како традиција“ - рече Нино Величковски, претседател на Фондација за спорт и култура.
„Средствата кои ги издвојува општината 1,5 милиони денари на годишно ниво и плус 350 000 денари подршка на волонтерите кои работат за децата, не се доволни за одржување на Центарот. Затоа сакам да упатам порака до стопанствениците да дадат подршка на невладината организација која работи со оваа категорија на луѓе,- изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на општина Куманово.
Покрај за секојдневните потреби од продажба на сликите ќе се обезбедат пари и за поправка на кровот на Дневниот центар.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk