70 згради склучиле договори со надворешни управители

04.11.2013 10:42 | KumanovoNews

 Станарите од 70 згради во Куманово склучиле договори со надворешни управители кои ќе се грижат за оддржување на зградите и плаќање на фактурите, бидејќи не регистрирале заедница на сопственици.

70 згради склучиле договори со надворешни управители

Станарите засега потпишуваат договори со четворица управители од Куманово и Скопје.

Во 2014 година станарите мора да имаат регистрирано заедница на сопственици или управител. Засега има четворица управители, двајца матични и двајца од Скопје со претставници во Куманово. Од документите што ги имаат доставено до мене “Либра“ има 52 станбени згради, “Еурека - АБА“ има 14, а “Калигула“ има само 3 бидејќи е од скоро, а за четвртата нема информација. Ќе се зголемува бројката на управители. Тој е извршител на одлуките на станарите  - објаснува Селами Ајрулау, инспектор за домување во Општина Куманово.

Доколку не ги извршува обврските управителот ќе плати глоба од 700 евра за еден прекршок.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk