700 кумановци аплицирале за вработување во полиција

21.10.2013 10:24 | KumanovoNews

 Во кумановската полиција 701 кандидат поднел барања за вработување.

700 кумановци аплицирале за вработување во полиција

По Скопје и Битола, Куманово е град со најголем број апликанти за новите 400 вработувања во полиција.

Кандидатите ќе полагаат физички, општообразовни и психолошки тестови. Во физичкиот дел ќе треба да направат минимум 60 стомачни склекови, 55 градни склекови, трчање на 3200 метри за 13,30 минути и 10 згибови на вратило за мажи, додека минимумот за женските кандидати ќе изнесува 60 стомачни склекови, 27 градни склекови и 3200 метри за 16,30 минути, како и други физички проверки. Потоа следува општообразовен тест и психолошки тест, по што ќе се спроведува поединечно интервјуирање. Последна фаза во селекцијата ќе бидат здравствените прегледи, односно проверката на здравствените и психофизичките способности на кандидатите.

Најдобрите 440 кандидати кои ќе ги поминат сите фази од селекцијата ќе ја отпочнат едногодишната обука, по која со најдобрите 400 ќе бидат склучени договори за вработување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk