71 година од битката во Пелинце

09.01.2015 09:24 | KumanovoNews

Членови на Сојузот на борци Куманово во вторник (13 јануари), ќе положат цвеќе на споменикот на паднатите борци во селото Пелинце.

71 година од битката во Пелинце

Со пригодна програма ќе одбележат 71 година од битката, која ја водел баталјонот “Јордан Николов - Орце“, против бугарскиот “Бенковски“. Цвеќе ќе положат градоначалниците на општините Куманово, Старо Нагоричане, делегации од АРМ, здруженија, образовни установи и други.

“Ова одбележување е традиционално, таму одиме секоја година. Ќе си евоцираме спомени, ќе положиме свежо цвеќе и ќе изразиме благодарност на борците. Битката во Пелинце се одиграла на 13 јануари 1944 година“ - рече Благе Јакимовски, секретар во Сојуз на борци Куманово.

Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на настанот, треба да се пријават во просториите на Сојузот на борци во зградата на Комитет и организирано во вторник во 10 часот ќе заминат за Пелинце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk