75 години од македонската азбука

05.05.2020 12:34 | KumanovoNews

 На 5 мај 1945 година, со решение на Народната Влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик.

75 години од македонската азбука

Оваа одлука за првпат официјално е објавена во весникот „Нова Македонија“, а годинава се одбележува 75 години од озаконувањето на македонската азбука.

Oва е важен датум за стандардизација и кодификација на македонскиот јазик. Односно 5 мај 1945 година претставува важен датум и заради придонесот за тоа што ќе се случи на 7 јуни истата година, т.е зацврстување на државноста-озаконување на Македонскиот правопис.  Последователно, се печати и првиот „Буквар со читанка“ (1945/46) на македонски јазик за прво одделение, со што започнува и наставата на мајчин јазик по училиштата. А пак во 1946 година Куме Кепевски ја издава и „Македонскта граматика“.

Но, сепак на кодификацијата на македонското писмо му претходел голем период на зреење и трагање по своето. Не треба да се заборават и заслугите на:Јордан Хаџи Константинов- Џинот, Партениј Зографски, Кочо Рацин, Блаже Конески како и Крсте Мисирков кој ја означува предкодификациската фаза од развојот на македонскиот литературен јазик. А сите овие достигнувања претходно, како што знаеме, се поттикнати и од делото на свети Кирил и Методиј.

Со текот на времето младата литературна сцена брзо ја усвојува литературната норма и му дава дополнително освежување на македонскиот народен говор, надминувајќи ја фолклорната фаза и движејќи се кон светските трендови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk