75 години од загинувањето на Карпош

06.02.2019 12:33 | KumanovoNews

 Сојузот на борците од Куманово пригодно ќе ја одбележи 75 годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.  

75 години од загинувањето на Карпош

По тој повод утре во 10.30 часот делегации ќе положат цвеќе пред бистата, а има пригодна програма и говор во дворот на Спомен куќата на Карпош во Куманово.

„Потоа наша делегација ќе појде во селото Биљача, каде што Христијан Тодоровски Карпош легендарниот командант, козјачката легенда, народниот херој на Југославија, го даде својот живот. И таму пред бистата на училиштето ќе положиме цвеќе, а ќе дојдат и ќе присуствуваат и борци од Врање и Бујановац, - изјави Благе Јакимовски, секретар на Сојузот на борци Куманово.

  На 26 февруари во селото Жегљане, борците ќе одбележет и 75 годишнината од формирањето на Трета МУБ. Заинтересираните граѓани можат да се пријават организирано да заминат на прославата во Жегљане. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk