79 - годишен кумановец е жртва на вчерашниот пожар во Средорек

11.11.2021 12:55 | KumanovoNews

Д.Л.(79) од Куманово е жртва на пожарот, кој се случил вчера во помошен објект од поранешна фабрика на ул.„Доне Божинов“,  информираат од СВР Куманово.

79 - годишен кумановец е жртва на вчерашниот пожар во Средорек

Опожарениот објект во населбата Средорек бил сопственост на М.П.(59), а  во пожарот починал неговиот роднина Д.Л.,  кој живеел тука. Смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Куманово. 


Во 16.50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид ќе се врши во текот на денот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk