8 кубика суво лисје се собира дневно

16.10.2013 09:58 | KumanovoNews

 Во Куманово од јавните површини дневно се собираат по 8 кубици суво лисје.

8 кубика суво лисје се собира дневно

Од ЈП “Чистота и зеленило“ објаснуваат дека дел од есенските лисја се употребуваат за производство на компост.

Од тротоари, улици, паркови, зелено - цветни површини  се изнесуваат сувите лисја и она што е чисто се користи за компост. Лисјата помешани со смет се фрлаат на депонија. Сувите лисја постојано паѓаат, некои порано, некои подоцна и во есенските денови се работи на нивно собирање низ целиот град - рече Благица Јовановска, раководител на техничко - технолошки сектор во ЈП “Чистота и зеленило“.

Таа објаснува дека се подготвуваат за засадување на есенско цвеќе, дополнување на жардињери, косење на тревни површини, a одговараат и на барањата за кастрење на стари дрвја.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk