80 анкетари ќе проверуваат 11.676 сомнителни гласачи

29.03.2016 11:14 | KumanovoNews

 Околу 80 анкетари ќе ги проверуваат сомнителните гласачи во Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

80 анкетари ќе проверуваат 11.676 сомнителни гласачи

Тие имаат обврска да проверат 11.676 спорни записи. Во текот на вчерашниот ден анкетарите го подигаа матерјалот, а денеска се излезени на терен.

Државната изборна комисија денеска на својата интернет страница го објави списокот на гласачи чии податоци се предмет на теренска проверка. Списокот содржи име, презиме и адреса. Работата на анкетарите ја набљудуваат претставници на четирите релевантни партии, МОСТ  и Синергија, како и ОБСЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk