80 општини со 357 проекти аплицирале на огласот на Владата за 100 милиони евра

13.09.2024 19:30 | KumanovoNews

Вкупно 357 проекти на 80 Општини се поднесени на огласот за поддршка од 100 милиони евра, кој го распиша Владата за подобрување на инфраструктурата.

80 општини со 357 проекти аплицирале на огласот на Владата за 100 милиони евра

„Општините пројавија огромен интерес на повикот за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државен буџет.
Проекти доставија 80 општини.Поднесени се вкупно 357 апликации. Сумирано, ова би требало да значи дека секоја општина аплицирала со повеќе проекти“,  рече министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, ќе се достави до ресорното министерство од областа на проектот. Се очекува до крајот на месецот, да заврши целокупната процедура и да се знае кои проекти ќе се финансираат со државните пари.

„Во оваа прва фаза, општините ќе ги поддржиме со близу 100 милиони евра, а веќе од следната година ќе бидат достапни нови 250 милиони евра, за кога е планиран и нов повик“, кажа министерот.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk