800 млекари аплицирале за субвенции

30.04.2013 08:45 | KumanovoNews

 800 производители на млеко до вчера поднеле документи за добивање на субвенции, а рокот за аплицирање трае уште денеска.

800 млекари аплицирале за субвенции

За млекото предадено во домашните млекари за октомври, ноември и декември лани државата дава по 3,5 денари од литар.  Сточарите од планинските села добиваат 15 отсто плус.

Почнувајќи од 2008 година па наваму бројот на млекари кои аплицираат за субвенции се намалува и се претпоставува дека многу земјоделци се откажуваат од одгледување на крави поради скапата сточна храна.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk