880 нарушувања на јавниот ред и мир

18.03.2014 16:07 | KumanovoNews

Во СВР Куманово лани се регистрирани 880 дела против јавниот ред и мир што претставува намалување во однос на 2012 година кога имало 1160 дела.

880 нарушувања на јавниот ред и мир

Јавниот ред и мир лани го нарушиле 1165 сторители, а претходната година се евидентирани 1685 сторители на истото дело.

Во земјава повеќе кривични дела за нарушување на јавниот ред и мир бележат СВР Скопје(2906) и СВР Штип(1196), а помалку од Куманово имаат СВР Битола (852), СВР Велес (713), СВР Охрид(822), СВР Струмица (841) и СВР Тетово (574).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk