9 фирми поднеле барања за отпис на камати

06.01.2014 10:03 | KumanovoNews

Барања за отпис на камати настанати по основ на неплатени социјални придонеси во период од 2009 до 2012 година, поднеле до УЈП само 9 кумановски фирми.

9 фирми поднеле барања за отпис на камати

Од УЈП велат дека условите за исплата се поволни, но од самите фирми зависи дали и кога ќе ги подмират обврските. Ако износот се плати во првите 6 месеци од поднесување на барањето, каматите целосно се одбиваат. 75 отсто од каматите се отпишуваат ако се подмири долгот за 12 месеци, а ако се плати во рок од 18 месеци тогаш се одбиваат само 50 отсто од каматите.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk