Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
90.000 евра ќе чини трансплантацијата на црниот дроб на Александар Додевски од Куманово, во болница во Истанбул, Турција.
Пресметката пристигнала пред неколку дена, па сета документација и лекарско конзилијарно мислење ќе бидат доставени до Фондот од здравствено осигурување, за да се одреди колку од трошоците ќе бидат покриени.
Мајката на Јасмина се надева дека Фондот целосно ќе ја покрие операцијата, а парите што ги собрала од донации ќе ги искористи за покривање на патните трошоци и престојот во Турција.
Обезбеден е и донатор за трансплантацијата на црн дроб на Александар, кој сам се јавил сам на семејството, откако слушнал дека не можат да најдат донатор по крвно сродство.
„Не можам да опишам колку сум му благодарна на човекот од Прилеп, кој ќе помогне да се изврши трансплантацијата. И самиот е родител и се нафати да помогне, ќе оди на тешка операција за да го спаси моето дете. Александар се чувствува добро, но со неговата болест никогаш не се знае. Со господ напред се надевам дека се ќе помине во најдобар ред и ќе се вратиме здрави, - вели Јасмина.
Деновиве на сметката уплатени се 25.000 евра, наградата на Даниел Кајмаковски од учеството на телевиското шоу „Твоето лице звучи познато“, кој ги донираше за лекување на Александар.
Откако ќе заврши операцијата и закрепнувањето на Александра, Јасмина ја чека уште една голема битка. И најстарата ќеркичка Мартина боледува од цироза на црниот дроб, но нејзината болест не е во толку напредна фаза и ќе почека за операцијата.
Сите хумани луѓе можат да донираат на следниот начин:
За корисниците на Телеком 070 143 144
За корисиците на: ВИП (и ОНЕ): 143 476
Денарска сметка за донации:
Александар Додевски
Централна-кооперативна банка а.д. Скопје
број на сметка: 320 5000258326 33
Девизна сметка за донации:
AEKSANDAR DODEVSKI
IBAN: MK07 3205 1002 5844 030
SWIFT: CECBMK22
CENTRAL COOPERATIVE BANK SKOPJE
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk