97 санкции за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

06.01.2022 15:42 | Сузана Николиќ

Денеска во периодот од  9 до 15 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за откривање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. 

97 санкции за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

Притоа санкционирани се 97 возачи. Од нив, 21 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk