Администрацијата да работи од дома или во смени, предложи Комисијата за заразни болести

20.10.2020 07:04 | KumanovoNews

Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата, државната и јавна администрација, вработените во судовите и општините да работат во смени или во ротација или онлајн согласно условите за работниот процес, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Администрацијата да работи од дома или во смени, предложи Комисијата за заразни болести

Владата денеска ќе одлучува за последниот пакет мерки кои ги предлага Комисијата, како за тоа сите економски оператори да работат до 23 часот и да се ограничи капацитетот на јавниот превоз до 50 проценти. Филипче се надева дека измените во Законот за заштита на населението од заразни болести ќе се донесат до крајот на неделава.

„Апелирам дека ситуацијата е навистина сериозна. Следен чекор е полициски час“, рече Филипче, но додаде дека се надева дека овој пакет мерки, затоа со тие што ќе се најдат на гласање во Собрание, за носење на маска на отворено и забрана за групирања по дома, ќе дадат резултати.

Филипче кажа дека нема веќе места во болниците во Струмица, Куманово, Штип, Прилеп, дека се отворило уште едно крило во Битола и се полни болницата во Гостивар.

(извор.сдк.мк)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk