Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот метал бенд “Агни Каи“ ќе учествува на фестивал во Германија, кој ќе се оддржи кон крајот на јули и почетокот на август во местото Вакен, доколку најде спонзори.
Групата ќе го претставува Балканот во Германија, откако беше избрана за најдобар метал бенд во земјава, а потоа во Задар Хрватска, победи во конкуренција на најдобрите бендови од поранешните југословенски републики.
Од бендот велат дека се работи за исклучителна шанса за нивно промовирање во странство, но проблем им се финансиските средства.
Фестивалот ќе се одржи од 29 јули до 1 август. На 8 помали сцени се натпреваруваат повеќe групи и победникот склучува договор за снимање на песна и спот. Во прашање е голема работа, голем фестивал. Таму ќе има претставници од цела Европа и бендови од цел свет. Имаме обезбедено пласман, ама немаме средства да заминеме. Треба сами да си го платиме патувањето, а дел од нас работат, а дел се невработени и не можеме да ги покриеме трошоците. - вели Бојан Николовски, член на бендот.
На младите музичари за фестивалот во Германија им требаат најмалку 1500 евра само за превоз, плус за останатите трошоци. Тие апелираат сите оние кои се во можност, пред се кумановските бизнисмени, да им излезат во пресрет за да не ја испуштат можноста за учество на овој престижен фестивал.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk