Ахмети во Сопот

07.07.2010 14:13 | KumanovoNews

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во придружба на партиски функционери и министри денеска во селото Сопот ги посети четворицата пуштени на домашен притвор .

 
Ахмети во Сопот

Тој смета дека со посетата не прави политички маркетинг, туку пружа подршка на оние кои кои ја бараат правдата.

Не е направен никаков политички притисок врз судството, нашата определба како политичка партија пред нашиот електорат отсекогаш била да бараме правда за овие лица. Покажаа големо достоинство и имаа можност да пребегаат кога полициското комби ги остави дома. Тие тоа не го посакуваат, сакаат само да се докаже нивната невиност во институциите на системот- вели Ахмети.

 На прашањето до каде се барањата на коалициониот партнер за Законот за решавање на статусот на семејствата на припадниците на ОНА и процесуирањето на хашките предмети, Амети вели:

 Се разговара таму каде што треба.Овие работи не се херметички затворени, така да останува простор да се разговара и понатаму, се до изнаоѓање решение на овие прашања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk