АХВ: СЗО апелира да се избегнува незаштитен контакт со домашни и диви животни

27.02.2020 11:30 | KumanovoNews

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упатува апел за максимално почитување на препораките од Светската здравствена организација – СЗО со цел, спречување на појава и ширење на Корона вирусот и во нашата земја.

АХВ: СЗО апелира да се избегнува незаштитен контакт со домашни и диви животни

Бидејќи станува збор за зооноза, болест која може да се пренесе и преку контакт со животни и производи од животинско потекло, АХВ во координација со Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, ги информира и упатува апел до ветеринарните друштва за максимално почитување и информирање и на граѓаните за препораките за заштита од можна појава и пренесување на корона вирусот и преку животните и храната од животинско потекло.

- СЗО апелира да се избегнува незаштитен контакт со домашни или диви животни, храната од животинско потекло темелно термички да се обработи при подготовката,  да се користат различни садови и ножеви при подготовка и сечкање на сирова и зготвена храна, рацете да се мијат после секој контакт со различните видови храна ( сирова или зготвена). При работа со животни да се носат заштитни ракавици и маски, а работната облека секојдневно да се преслекува и пере,-пренесуваат од АХВ.

Задолжително да се мијат рацете при контакт со животни и храна од животинско потекло, а треба и да  избегнува и конаткт со болни животни, расипано месо, отпадоци и отпадни материи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk