Во Куманово акции за бесплатно мерење на шеќер во крвта и очен притисок

06.04.2025 15:30 | KumanovoNews

Здружението на лица со дијабетес Куманово во соработка со ОСТУ „Наце Буѓони“ и Систита - Офтамологија, за свите членови и за граѓаните во понеделник и вторник организира акција за бесплатно мерење на гликемија и крвен притисок,  како и предавање за болестите на очите предизвикани од дијабетес и мерење на очен притисок.

 

Во Куманово акции за бесплатно мерење на шеќер во крвта и очен притисок

Двете акции се организираат по повод 7 Април - Светски ден на здравјето.

Акцијата за бесплатно мерење на шеќер во крвта и притисокот ќе се одржи во паркот Соколана, во понеделник со почеток во 11 часот. Прегледите ќе ги вршат професори и ученици од медицинската струка на училиштето.

Во вторник во 18.30 часот во зградата на Комитет ќе се одржи предавање на тема „Превенција дијабетична ретинопатија и ДМЕ“ од д-р Елизабета Спасиќ, спец.офтамолог. На присутните бесплатно ќе им се мери гликемија и очен притисок.    

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk