Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на дијабетичари Куманово до крајот на неделата ќе организира неколку акции за мерење на нивото на шеќер во крвта во населени места во Куманово и Липково.
Целта на акциите е навремено откривање на дијабет кај граѓаните.
„Првата акција се организира утре во населбата Железничка станица во просториите на местаната заедница во 10.30 часот. Потоа во 12 часот продолжиме во училиштето во Черкеско село. Иста така имаме договорено во сабота да ги посетиме селата Никуштак во 10.30 часот, а во Ропаљце во 12 часот. Ги повикуваме жителите на овие населени места да дојдат и бесплатно да се проверат. Нашата основна цел е првентивно и навремено откривање на дијабет кај граѓаните“, - вели Стефан Јовановски, претседател на Здружението.
При последната акција на здружението дошле 60 граѓани, а кај 6 е откриено зголемено нивото на шеќер во крвта, што е 10 одсто од вкупната бројка на преоверени.
Во Куманово има евиодентирани 6.500 дијабетичари, а според некоја пресметка има уште толку неоткриени т.н. скриени шеќери, за кои лекарите велат дека се најстрашни.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk