Акција дарувај производ за сиромашните

15.04.2011 13:23 | KumanovoNews

 Општинската организација на Црвениот Крст ќе ја одбележи Неделата на солидарност со собирање на прехрамбени производи и пари за социјално загрозените семејства во Куманово. Акцијата за време на викендот ќе се спроведе пред еден маркет во градот.

Акција дарувај производ за сиромашните

"Акцијата е традиционална,а за време на викендот пред супермаректот „Туш„ наши волонтери ќе делат пропаганден материјал за граѓаните, кои ќе имаат можност да донираат по еден производ за најзагрозените"- информира Иле Митковски,секратар на општинската организација на Црвениот Крст.

Искуствата од претходната година покажуваат дека за време на Неделата на солидарност се собираат околу 60 пакети со храна. Бројката на оние кои даруваат е речиси идентична последниве години. Кумановци и бизнис заедницата, според Митковски имаат воља за дарување, но секогаш постои можност за поактивно пружање помош на оние на кои им е најпотребна.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk