Акција „Садница плус“, се засадуваат семки од ела

27.05.2015 09:48 | KumanovoNews

Се реализира акцијата “Садница плус“ и по тој повод учениците од сите основни, средни училишта и градинки  засадуваат семки од ела

Акција „Садница плус“, се засадуваат семки од ела

Мотото на акцијата е „Од семка до ела“, а целта е децата не само да ги засадат , туку и да се грижат за садниците.

Поделен е саден материјал, ќе се садат семки од ела во подготвени саксии, ќе ги негуваат. Овие садници до есен ќе имаат некаде околу 10 цм. Едукативно е за децата, да видат како расте и се развива растение. Ќе научат кои се делови од растение што е дел од нивниот образовен процес - вели Цветанка Арсиќ од одделение за заштита на животна средина во општина Куманово.

Преку оваа акција учениците ќе развијат чувство за одговорност и еко култура.

Утрово го добивме садниот материјал. Ги организираме децата да ги засадат семките. Ова е прв пат да се садат семки од ела, претходно беа желади, други видови на дрвца - рече Надица Петровска, директорка на основното училиште „Вук Караџиќ“.

Оваа акција ја организираат Министерството за животна средина, Министерството за образование и невладината организација „Ден на дрвото“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk