Акција во “Гоце Делчев„ по повод Светскиот ден на чистењето

13.09.2018 11:42 | KumanovoNews

 По повод  Светскиот ден на чистењето - 15 септември, утре ќе се одржи еколошка акција во населбата Гоце Делчев, покрај хотелот „Мимоза“.

Акција во “Гоце Делчев„ по повод Светскиот ден на чистењето

Истовремено ќе се садат дрвца и цвеќе на Градскиот плоштад.

Акцијата ќе започне во 10 часот, а ја организира ЈП „Чистота и зеленило“, во соработка со Општина Куманово и Кумановски акцијаши.

Можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани.

Од претперијатието соопштуваат дека и во изминатиот период се чистело на повеќе локации: во населбите Карпош, Ѓорче Петров и Гоце Делчев, Спомен костурница, Долно Којнаре, Средорек и др.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk