Акција за донирање храна „Нахрани 10.000“ во Куманово

15.04.2019 16:42 | KumanovoNews

 Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, што ќе се одржи утре во рамки на „Неделата на солидарност“ на Црвениот крст.

Акција за донирање храна „Нахрани 10.000“ во Куманово

Од 10 до 18 часот на  две локации во градот: пред маркетот „Тинекс“ на Градскиот плоштад и пред продавницата „Елида“ до Стопанска банка, граѓаните можат да се вклучат во акцијата  и да донираат конзервирана храна по сопствен избор, со подолг рок на траење.

 Целта на акцијат е да се поттикнат граѓаните да донираат храна и да го подигнат нивното ниво на солидарност кон тие што немаат.

Акцијата ќе се спроведе истовремено во 29 локации во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани, Виница, Гостивар и Гевгелија.

Оваа акција се организира во рамки на „Неделата на солидарноста“ што годинава од 15 до 21 април се одбележува под мотото „Вашиот прилог значајна помош“ со целни групи семејства кои живеат во рурални подрачја и се од социјално ранливи категории.

Ова е трета заедничка акција, првите две се оддржале во септември и октомври минатата година, и од Црвениот крст Куманово велат дека се задоволни од одзивот на нашите сограѓани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk