Акција за помош на сиромашно семејство

13.03.2015 10:46 | KumanovoNews

Волонтерите од Црвен Крст Куманово ќе собираат хуманитарна помош, за сиромашно семејство од населбата Доброшане.

Акција за помош на сиромашно семејство

Семејството живее во катастрофални услови, куќата им е пред распаѓање и се немаат средства за основна егзистенција.

“ Ќе се прибираат средства со донации, од спортски натпревари,  соседи, секој што сака може да помогне. Планираме да ја вклучиме и општина Куманово и се надеваме дека ќе ни излезат во пресрет“ - вели Сања Росевска од Црвен Крст.

За да ги промовираат хуманите вредности и да помогнат на заедницата, волонтерите ќе направат парк во училишниот двор во село Студена Бара и ќе засадат цвеќе и зеленило кај бунарот во дворот на црквата Света Мина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk