Акција за пошумување на „Менкова Колиба“ организираат планинарите на „Козјак 2013“

01.03.2024 11:25 | Теодора Стоевска

Здружението на планинари „Козјак 2013“ од Куманово, утре /сабота/ организира пошумување на месноста „Менкова Колиба”, како дел од активностите на проектот “Планинарска инфраструктура - основа за туризам и здрави навики“.

Акција за пошумување на „Менкова Колиба“ организираат планинарите на „Козјак 2013“

Пошумувањето ќе се одвива на веќе подготвен терен но сепак ќе треба да се понесат основни алати како ашов или копач со цел полесно да се одвива пошумувањето. За сите кои не се во можност да дојдат со сопствени возила, ќе има организиран бесплатен превоз до местото а исто така и освежувања за време на настанот.

„Повелете со цел да креираме што поголема зелена површина во околината на нашиот град и со тоа да дадеме допринос во борба против аеро загадувањето и глобалното затоплување. Со секое засадено дрво директно се допринесува и за по убава и по зелена иднина. Доколку би сакале да ви биде обезбедено освежување (вода+сендвич), поради времето потребно за приготовка, пријавувањето ќе мора да го извршите на линкот - https://forms.gle/jCy6E7RzEd7ZWy2EA. Поаѓање со организиран превоз од Жмара во 09:00 или кај автобуската постројка Соколана во 09:10“, велат организаторите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk