Акција за вдомување на кучиња скитници

17.02.2011 09:11 | KumanovoNews

 Во сабота од 11 до 14 часот, на Градскиот плоштад во Куманово ќе се спроведе акција за вдомување на бездомни животни, под мотото „Не купувај. Вдоми„!

Акција за вдомување на кучиња скитници

Акцијата е поддржана од Ветеринарната станица Тодер Велков, а ја организираат волонтери на Центар за рурален развој Проевце. Ова е прва ваква акција во нашиот град.

„Повод за организирање на ваквата акција е големиот број на кучиња бездомници кои преживуваат на улиците, без храна, вода и основни услови за живот. Од неодамна ветеринарната станица во Куманово започна со заловување на овие кучиња, нивно вакцинирање, кастрација и доколку никој не ги земе да ги чува, тие се пуштаат. Голем дел од кучиња се доста млади и мал е бројот на оние кои би го преживеале повторното враќање на улица. Ова е и најголемата причина за организирање на ваквите акции, во кои граѓаните на Куманово ќе имаат прилика да вдомат миленик, а со тоа и да спасат барем еден живот. Голем дел од кучињата што ќе бидат понудени веќе се вакцинирани и кастрирани, а оние најмалите, за кои вакцинацијата сеуште не е можна, оној што ќе ги земе ќе добие купон со кој подоцна, кога кучето ќе биде доволно возрасно, ќе може бесплатно да го вакцинираат и кастрираат миленикот- велат организаторите.

За сите оние кои нема да присуствуваат на акцијата, можат подоцна да појдат во просториите на Ветеринарната станица во работно време од 08-15часот и да земат некое од кучињата што се наоѓаат таму.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk