Акција за вдомување на миленичиња во „Тодор Велков“ во Куманово

27.10.2022 13:50 | Оливера Пешевска

Ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Кумaново започна акција за вдомување на заловени кучиња, кои моментално се под нивна грижа. Кучињата се заловени на територијата на Куманово, но и Штип и други градови од Источна Македонија.

Акција за вдомување на миленичиња во „Тодор Велков“ во Куманово

„Кучињата се во добра здравствена состојба, прочистени од паразити, вакцинираат и стерилизирани. Подготвени за предавање на новите сопственици. Телефоните на кои можете да се информирате се 071332797 и 076314351 или на Фејсбук страницата, велат од ВСЦ „Тодор Велков“.

Мотото на акцијата  е „Добиваш пријател и безусловна љубов, а тие добиваат дом“. 

Ваквата пракса е воспоставена и добро позната во развиените земји. Со ваквите акции се намалува бројот на кучиња скитници на улиците, а тие добиваат сигурност, љубов и грижа кај новите згрижувачи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk