Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради се по зачестените кражби во домовите на граѓаните додека се на одмор, кумановската полиција започна акција за заштита на домаќинстава од кражби во летниот период.
Акцијата „Повлечи потег,заштити го својот имот од кражби“ има за цел да ја подигне свеста на граѓаните да ги преземет сите потреби безбедносни активности пред да заминат од дома.
Меѓу препораките кои ги наведува полицијата, а кои треба да ги преземат граѓаните се: затворање на прозорците и вратите, да не се примаат непознати лица во домовите, да ги чуваат вредните предмети на сигурно место, да не се остава впечаток дека се отсутни од дома, домовите треба добро да се осветлени и по можност да се инсталираат алармни уреди и безбедносни камери и да не го објавуваат отсуството на социјалните мрежи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk