Акцијата “Здравје за сите“ во Куманово

18.06.2015 09:24 | KumanovoNews

Пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска се одржа акцијата “Здравје за сите“.

Акцијата “Здравје за сите“ во Куманово

Екипа од Здравствен дом Куманово на граѓаните им мереше притисок, шеќер во крв, височина, тежина и им даваше совети како да се грижат за своето здравје.

“Правиме превентивни прегледи за да се подобри здравјето на граѓаните. Денеска и на лошото време сепак има интерес. На пациентите кои имаат нормален притисок и шеќер им даваме совети како да се справат со летните горештини, а пациентите кои имаат повисок шеќер или притисок ги испраќаме на понатамошни испитувања“- вели Милена Прокоповска, општ лекар во Здравствен дом Куманово.

И на оваа акција најголем интерес за бесплатен преглед покажаа пензионерите.

„Шеќерот ми е зголемен. Држам диета, избегнувам благо, пијам лекови за притисок. Ќе внимавам на храна и ќе биде се во ред“- рече Владимир Пешевски, пензионер.

Вакви акции се одржуваат неколку пати годишно за да му се овозможат бесплатни прегледи на населението.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk