Акциски план за туристичка промоција на македонско-бугарскиот пограничен регион

05.04.2017 10:17 | KumanovoNews

Тур оператори, туристички агенции, хотелиери, угостители и други туристички организации  од  Североисточниот регион во Македонија и Ќустендилската област од Бугарија ги разгледаа можностите овој пограничен регион да прерасне во препознатлива туристичка дестинација.

Акциски план за туристичка промоција на македонско-бугарскиот пограничен регион

Целта на заедничките средби на фокус групите од македонска и бугарска страна беше изработка на Акциски план за развој на претприемништвото во туризмот, преку искористување на познатите туристички локалитети и подобрувањето на услугите и понудата во областа на туризмот.

    Иако овој пограничен регион има огромни туристички потенцијали, меѓу кои некои и од светско значење, како што е мегалитската опсерваторија Кокино, сепак поради недоволната промоција, непостоењето на стандардизирана туристичка понуда и соработка помеѓу туристичките работници од двете страни на границата, се губи значаен прилив на туристи и приходи од оваа стратешка економска гранка.Голем проблем е и недоизградената туристичка инфраструктура за прифаќање и опслужување на туристите, како и неинформираноста за достапните туристички атракции, беше заклучокот на туристичките претприемачи од регионот.

    Фокус групите на двете средби, во Ќустендил и во Крива Паланка, работеа на разработка на  предлог акцискиот план, кој во својата финална верзија ќе содржи конкретни акциски мерки за креирање на туристичката понуда во Североисточниот регион на Македонија и Ќустендилската област во Бугарија во насока на подобрувањето на туристичките услуги. Меѓу нив се брендирање на регионот како туристичка дестинација со препознатливо лого, изработка на заедничка база на туристички локалитети, атрактивен промотивен продукт, он лине туристичка платформа и друго.

            Средбите на фокус групите и изработката на акциски план се дел од проектот „СТЕПС- Поддршка на претприемништвото и промовирање на услугите во туризмот",  финансиран од Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Македонија, кофинансирана од Европската унија. Проектот го реализира Здружението "Регионален центар за соработка - Спектар", Крива Паланка. во партнерство со Здружението "Младински општински совет“  од Ќустендил.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk