Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актерот Тони Михајловски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово на престојните локални избори, објавија денеска од партијата.
„Меѓу кандидатите кои ги усвои Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово е Тони Михајловски, театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, објави потпретседателот на партијата, Владимир Мисајловски, кој кажа дека огромно мнозинство од кандидатите се млади, некомпромитирани и нови имиња кои ќе внесат нова енергија, жар и ентузијазам за повеќе работи и многу успеси во развојот на општините.
Кумановоњуз уште минатата недела објави дека Михајловски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово, додека носителка на листата на советници ќе биде Елена Доцевска Божиновска.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk