Активни шумски пожари во липковско и кумановско

25.03.2019 08:29 | KumanovoNews

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се два големи шумски пожари, едниот во селата Руница, Думановце, Белановце и Брест, а вториот во селото Орашац.

Активни шумски пожари во липковско и кумановско

Пожарот во липковско на запалено сува трева и нискостеблеста мешана шума избувнал во 16,30 часот.  Претставници од Шумското стопанство од 17 до 21.50 часот биле на гаснење на пожарот,  а напомош била испратена и екипа на Противпожарната единица, но пожарот не бил локализиран. Поради непристапноста на теренот пожарот сеуште е активен.

Вториот пожар е пријавен во 17.45 часот во селото Орашац, каде било запалено дабова нискостеблеста шума. И таму пожарникарите биле до 22.30 часот, но поради мракот и непристапнoста го напуштиле теренот.

За двата пожари изестени се сите надлежни служби.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk