Александар Арсиќ нов претседател на Советот

26.12.2016 12:59 | KumanovoNews

Александар Арсиќ е нов претседател на Советот на Општина Куманово.

Александар Арсиќ нов претседател на Советот

Оваа одлука беше донесена на денешната седница, по предлог на Комисијата за мандатни прашања и именување при Советот на општина Куманово, откако на предходниот претседател Максим Димитриевски му беше прифатена оставката поради заминување на нова функција.

„Се заблагодарувам на советниците за подршката. Навистина сум среќан што можам да бидат претседател на советот и се обврзувам дека и во иднина ќе работиме согласно законите и успешно, - рече Арсиќ, откако го презеде водењето на седницата.

Како што објасни претседателката на комисијата Снежана Захариева, Арсиќ бил единствен предлог и прифатен од сите советнички групи. Јавно подршка на Арсиќ му даде и советничката група на ДУИ. Со 25 гласа за и 6 воздржани, предлогот беше усвоен.

Градоначалникот Зоран Дамјановски му ја честиташе новата функција на Арсиќ и посака успешна работа во преостанатиот мандат на советот.

Арсиќ ќе биде прв меѓу еднаквите советници до локалните избори.

За досегашната работа на предходниот претседател Масим Димитриевски, му се заблагодари советникот Јовица Станковски, кој како највозрасен советник ја водеше седницата од оставката на Димитриевски до изборот на Арсиќ.

Да му се заблагодарам на Димитриевски за досегашната работа и се на надевам дека ќе биде успешен и во пратеничката функција, - рече советникот Станковски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk