Александар Драгишевски четврти на меѓународна изложба во БИХ

12.09.2015 13:17 | KumanovoNews

Александар Драгишевски, член на фото клуб “Куманово“ неодамна освои четврто место на меѓународна изложба на фотографии во Добој, БИХ.

Александар Драгишевски четврти на меѓународна изложба во БИХ

Тој се пласираше на 4-то место во конкуренција на 300 автори од 60 земји од светот. За него ова е голем  успех и се надева дека во иднина ќе има уште подобри резултати.

Задоволен сум бидејќи од толку многу автори успеав да стигнам до добар пласман. На наградената фотографија е претставена баба која пржи риби и се подготвува за верски празник. Сакам понатаму да се надградувам и да бидам што подобар - рече фотографот.

Драгишевски веќе три години се занимава со уметничка фотографија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk