Александар Гелевски е нов директор на Агенцијата за планирање на просторот

22.01.2025 11:04 | KumanovoNews

Александар Гелевски е избран за нов директор на Агенција за планирање на просторот. Гелевски досега работеше како секретар на Општина Куманово од август 2020 година.

Александар Гелевски е нов директор на Агенцијата за планирање на просторот

Александар Гелевски е избран за нов директор на Агенција за планирање на просторот. Гелевски досега работеше како секретар на Општина Куманово од август 2020 година.

„Добро сум запознаен со обврските, задолженијата и работните процеси во институцијата. Првите осум години, од 2006 до 2014 бев работно ангажиран во „Урбан ГИС“ ДОО Куманово, што е подружница на агенцијата. Работам во областа за која сум се образувал, а можам да ветам дека ќе се посветам стручно и професионално во извршувањето на моите обврски“, изјави Гелевски.

Дипломирал на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година. Поседува овластување од областа на урбанизмот и архитектурата, како и уште 5 стручни овластувања од областа на проектирање и урбанизам.  Работел во Одделението за урбанизам во локалната администрација.

Александар Гелевски е избран на конкурс на Агенцијата за планирање на просторот, и има 4 годишен мандат на функцијата. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk