Александар Гелевски е новиот секретар на Општина Куманово

17.09.2020 15:40 | KumanovoNews

 Александар Гелевски, архитект, досегашен раководител на Одделението за спроведување на урбанистичка документација – Сектор за урбанизам, e новиот секретар на Општина Куманово. 

Александар Гелевски е новиот секретар на Општина Куманово

Гелевски вели дека целта му е Општина Куманово да има стручна, професионална и одговорна администрација,  која ќе биде во функција на граѓаните.

„Секретар на Општина претставува раководно лице кое дава упатства на раководителите и другите службеници во институцијата, особено во контекст на управување на човечките ресурси, решава за правата, обврските и одговорностите на административните службеници на начин и во постапки утврдени со позитивната законска регулатива.  Целта на секој секретар е да создаде стручна, професионална и одговорна администрација која во целост ќе биде ставена во функција на граѓаните“, - изјави Гелевски за Кумановоњус.

Александар Гелевски е роден 1981 година во Куманово, завршил гимназиско образование и дипломирал на Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје – Архитектонски факултет во 2006 година. Истата година ја започнува и својата професионална кариера како проектант и планер-урбанист, со што се здобива со Овластувања од областа на урбанизмот и архитектурата. Во јануари 2014 година се вработува во Општина Куманово како советник во Одделение за урбанизам. Од ноември 2018 е назначен за Раководител на Одделение за спроведување на урбанистичка документација – Сектор за урбанизам, а во август 2020 доаѓа на функцијата Секретар на Општина Куманово.

На оваа позиција Гелевски доаѓа, откако предходниот секретар Десанка Стошевска замина во пензија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk