Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Александар Тушевски е нов претседател на општинската организација на СДСМ Куманово. Тој е предлог на Централниот одбор на СДСМ, кој треба да го потврди Изборната конференција во Куманово.
Тушевски ни поврди дека ја прифатил понудата на партиското раководство и во наредниот период ќе формира тим и ќе изработи програма со која ќе ја побара поддршката на кумановските делегати.
„Моја главна задача ќе биде да го обединам членството и да га вратам победничко СДСМ во Куманово. Ќе се залагам за социјалдемократски вредности на дело. Ветувам дека со моите идеи, програмата, решенијата и енергија ќе работам за доброто на Куманово и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За ова да го постигнам ќе ми треба многу работа и труд , како и одговорност. Враќањето на довербата на граѓаните и нивниот квалитетен живот, се мојот приоритет. Обединето, подготвено, сложно и заеднички за нашата СДСМ“, изјави Тушевски.
Тушевски е по професија лекар специјалист-рендгенолог, вработен во семејна поликлиника.
Новиот претседател Тушевски доаѓа на местото на Мартин Костовски, кој два мандати ја водеше општинската организација на СДСМ Куманово, а сега е пратеник во Собранието.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk