Александра Стаменовска е нова директорка на училиштето „Крсте Мисирков“ во Куманово

22.01.2024 15:10 | Оливера Пешевска

Александра Стаменовска е изберена за директорка на основното училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово. 

Александра Стаменовска е нова директорка на училиштето „Крсте Мисирков“ во Куманово

Таа е дипломиран педагог со 23 годишно искуство во образованието, прво 19 години работела како одделенски наставник, а последните 3 пред како педагог во ООУ „Христијан Карпош“.

„Во наредните 4 години би сакала да продолжиме со работа на проекти во училиштето, но посебно ќе се залагам за подигање на компетенцијата на наставниот кадар преку разни обуки и семинари. На тој начин ќе добиеме поголема доверба кај родителите и јавноста, и ќе го вратиме „Крсте Мисирков“ на местото кое му припаѓа- најстаро и најдобро училиште во општината, секако во интерес на децата. Јас сум ученик на ова училиште па и емотивно сум врзана, како дел од најубавиот период во животот“, истакна Стаменовска.

Таа очекува реализација на многу проекти и очекува поддршка од колегите.

Стаменовска доаѓа на местото на в.д. директорката Гордана Грговска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk