Алфи Техноцентар го прослави петиот роденден

12.11.2014 11:09 | KumanovoNews

Техноцентарот Алфи во наслебата Карпош,  вчера прослави пет години постоење и успешна работа.

Алфи Техноцентар го прослави петиот роденден

 За изминатите пет години Алфи успеја да се изгради и израсне во препознатлив бренд не само во градотот, туку и во државата и регионот.

Алфи Техноцентар успеја да донесе голем број на производи кои го задоволуваат вкусот на сите наши клиенти. Целта на овој салон е купувачите да можат на едно место да го опремат својот дом, и тука да најдат се што им е потребно. Ние имаме издадено 15.000 клуб картички на верните клиенти од нашиот град, што го сметаме за голем успех, - изјави Филип Серафимовски, директор на Алфи Техноцентар.

За Јубилејот, компанијата Алфи Би Компани овозможува роденденски попусти, кои ќе траат до четврток, а слична ваква акција најавуваат и за новогодишните празници.

Во салонот можат да се најдат производи со попуст и до 50 проценти, главно за бела техника, телевизори, акцесоари од цврсто гориво за огрев, пелети, електрични грејалки и шпорети на дрва. Со секоја сметка над 590 денари следува бесплатен оброк од Етно ресторан „Баба Цана“. Презадоволни сме од оваа акција, и мислам дека и нашите клиенти можат да бидат задоволни, - додава Серафимовски.

 За петиот роденден беше организирана журка на која посетителите ги забавуваше групата Ептен(ЕП10), а специјален гост беше Тајзи.

Ја користам оваа можност да им го честитам роденденот на Алфи Техноцентар. Ова е дефинитивно нешто што му недостасуваше на нашиот град, место каде што ќе можете да најдете се. Јас искрено често сум присутен тука, одкако има музички инструменти, а сега и планирам да купам плазма телевизор. Се надевам дека на следниот роденден ќе имаме поголем центар и многу нови техноцентри низ Македонија - изјави пред настапот Тајзи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk