Алфи Техноцентар го слави осмиот роденден

10.11.2017 07:51 | KumanovoNews

Со добра забава и попусти до 50 насто продажниот салон на Алфи Техноцентар од утре до вторник ќе го прославува својот 8. роденден.

Алфи Техноцентар го слави осмиот роденден

Како и секоја година, така и оваа, роденденот ќе биде одбележан со попусти на целиот асортиман.

И оваа година подготвуваме роденденска забава на која покрај големите попусти не очекува и добра забава. Имаме попусти на грејни тела, апарати за домаќинство, бела техника, елементи за бања, ламинатни подови, подни и ѕидни плочки, лустери и рачен електричен алат. Оваа година на роденденот нашите посетители ќе ги забавува Силви бенд. Ги повикувам потрошувачите да го посетат нашиот салон и да го прославиме роденденот - изјави Филип Серафимовски, директор на Алфи Техноцентар.

Како и на секоја акција, со секоја сметка над 599 денари, се добива следува и гратис оброк. Роденденската акција ќе трае до среда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk