Алфи Техноцентар нуди специјални роденденски попусти

10.11.2018 01:21 | KumanovoNews

Салонот на Алфи Техноцентар утре (недела) го слави својот деветти роденден. По тој повод за редовните потрошувачи и граѓаните организира роденденска забава, а ќе ги изненади и со специјални попусти до 70% на одредени производи.

Алфи Техноцентар нуди специјални роденденски попусти

На роденденот за целодневната забава во салонот ќе биде задолжен Зоран Илиев, а со секоја сметка над 599 денари следува гратис оброк од „Гостилница Дома“.

Како и секогаш тимот на Алфи Техноцентар нуди најниски цени на своите продукти. Во нашиот салон можете да купите комплет од бокал и пегла, даска за пеглање и сушара, сет тави и стаклено ѕвоно, каде што имате намалена цена на првиот продукт, а потоа ви следува попуст од 70% на вториот производ. Од другите производи кои се атрактивни, можете да набавите независна фурна и плотна за вкупно 14900 денари и ХД телевизор од 40 инчи за цена од 9990 денари - изјавија од менаџментот на Алфи Техноцентар.

Големата роденденска акција ќе трае до среда навечер, а тимот на Алфи Техноцентар ги повикува сите потрошувачи да ги посетат во наредните четири дена.

Освен пакет попустите, во салонот ќе најдете намалување на туш кабини, кади и лустери, теписи, стази, ПВЦ столарија, мебели за бања, пелети акцесоари за бања, асортиман за домаќинство, рачен и електричен алат. Ги повикуваме сите потрошувачи да не посетат и заедно да го прославиме овој роденден на Алфи, а се надеваме дека сите ќе најдат нешто што им е потребно за својот дом по најниска цена - додадоа од тимот на Алфи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk