Алфи Техноцентар утре го слави седмиот роденден

10.11.2016 13:57 | KumanovoNews

Продажниот салон на Алфи Техноцентар утре слави седум години постоење и успешна работа.

Алфи Техноцентар утре го слави седмиот роденден

На роденденската журка ве очекува добра забава и попусти до 50 проценти на целокупниот асортиман. Бела техника, грејни тела, телевизори, бојлери, предмети за домаќинство и професионални електрични апарати се дел од производите кои ќе ги најдете во новиот каталог и се само дел од производите кои се на попуст во продажниот салон.

Веќе неизоставен дел од роденденот на Алфи Техноцентар е и добрата забава, за која ќе се погрижат Ди Џеј Оли од 16 до 19 часот,  свој настап ќе има бендот Кубано Сој, а од 19 часот со посетителите ќе се дружи Тајзи и неговиот бенд. Специјален гостин на роденденот ќе биде Спејко.

За секоја сметка над 599 денари следува гратис оброк од Етно ресторан Баба Цана. Алфи Техноцентар за секој купен производ врши бесплатна достава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk