Алфи Техноцентар подготвен за најголемиот Black Friday досега

25.11.2021 10:52 | KumanovoNews

Последниот петок во месец ноември е познат како Black Friday, кога се организираат огромни попусти и целосни распродажби во продавниците низ светот. Алфи Техноцентар за оваа година ги подготви најголемите попусти досега.

Алфи Техноцентар подготвен за најголемиот Black Friday досега

За првите 10 купувачи, камин за пелети МБС Смедерево од 10 киловати ќе биде по цена од 39.990 денари. За првите 20 купувачи, Фаворит телевизор од 43 инчи ќе се продава по цена од 9.999 денари. Првите 30 купувачи на Самсунг и Фабиго правосмукалка ќе ја добијат попуст од 50%. Овие попусти важат посебно на двата салона на Алфи Техноцентар, во Куманово и Скопје. 

„Оваа година двата салона на Алфи Техноцентар се подготвени за најголемиот Black Friday досега. Имаме попусти на производи до 50 проценти, а освен петок, овие цени ќе важат во крајот на овој месец. Сепак ги повикуваме потрошувачите да бидат меѓу првите кои ќе го посетат Алфи Техноцентар, бидејќи тие ќе имаат можност да ги искористат најголемите попусти во оваа акција“ - изјави Филип Серафимовски, директор на Алфи Техноцентар. 

Големиот избор на телевизори и бела техника може да се најде на попуст до 33%,  а 25% попуст ќе има на целиот асортиман на туш кабини, мебел за бања и паравани, теписи и стази. Пешкири, постелнини, јоги чаршафи, јоргани и прекривки имаат 20% попуст. Сите печки и камини на цврсто гориво се наоѓаат на 15% попуст. 

Акцијата започнува утре, а ќе трае до крајот на овој месец.

(комерцијален текст)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk