Алтернатива ги доби здравство, информатичко општество и ресорот за дијаспора

05.12.2021 19:06 | Сузана Николиќ

Партијата Алтернатива со своите 4 пратеници влегува во Владата. Лидерот на Алтернатива Африм Гаши на заедничкиот прес со премиерот Зоран Заев денеска потврди и официјално дека од опозиција, се во колаиција со СДСМ и ДУИ. Мнозинството во моментов се зголеми на 64 пратеници.

Алтернатива ги доби здравство, информатичко општество и ресорот за дијаспора

Алтернатива ги добива Министерството за здравство, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерство за дијаспора.

Од позначајните директорски места, новиот коалиционен партнер го зема МЕПСО и Клиничкиот центар Тетово.

Алтернатива ќе има и тројца заменици-министри: во образование, култура и најверојтно во Министерството за земјоделство. Алтернатива ќе раководи и со Фондот за здравство, Железници транспорт, Агенција за странски инвестиции и други.

Заев кажа дека можно решение со Бугарија за проблемот што тие ги имаат со нас, е од 15 декември натаму, до јануари.

На новинарско прашање Заев кажа дека на 12 декември СДСМ ќе има нов претседател, а следствено на тоа новиот претседател ќе си биде потоа и претседател на Владата, односно мандатар за владата. Оставката рече ќе ја депонира на крајот на годината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk