“Аман“ и стечајците бараат евтина струја

03.12.2012 15:18 | KumanovoNews

 До крајот на јануари стечајците со помош на граѓанската иницијатива “Аман“ треба да соберат 10.000 потписи и да издејствуваат враќање на евтината тарифа, поевтинување на струјата и на другите енергенси.

“Аман“ и стечајците бараат евтина струја

- Дали некој со 7000 денари примања може да плати струја, парно и да се прехрани? Да си ја кренеме главата и да си го вратиме достоинството. Од позиција и опозиција, од сите националности да се потпишат и еднаш народот нешто да смени. Да им покажеме не 10.000, туку 100.000 потписи ако треба, да видат дека луѓето се незадоволни. Народот ги бира, народот ќе ги смени. Јас верувам во “Аман“, верувајте и вие - рече Зорица Димовска од “Аман“.

Членовите на “Аман“ велат дека народот се буди, а тоа го покажува фактот што 8000 граѓани уште првиот ден се побунија против поскапувањата.

Предлог - законот на “Аман“ со кој се бара враќање на старите цени на струјата, парното, бензинот помина на две собраниски комисии, а по собирањето на потписите ќе се најде пред народните избраници.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk